Македонија
13. January 2019 - 16:47

Владата тврди дека по завршувањето на Преспанскиот договор, фокусот е кон реформите на внатрешен план

Македонија од денеска ќе се фокусира на домашните реформи. Вицепремиерите Шеќеринска и Османи уверуваат дека со заокружување на процесот за уставните измени, Македонија го обезбеди своето место на масата во НАТО Алијансата како рамноправна членка со најмоќните светски сили.

Сега сме на почетокот на нов пат и не чека успешна работа. Членството во НАТО е гаранција за стабилност, неменливост на границите и дава гаранции на сите сегашни и идни инвеститори, подбро платени и повеќе работни места. Оваа шанса како држава тренба да ја искористиме, посочи Шеќеринска

Македонија сега е целосно ослободена и заштитена од  геополитички игри од големите центри на моќ што се претставуваат закана врз безбедноста на целиот регион. Преговорите со кои Македонија станува држава членка на ЕУ ќе значат европски стандарди во администрацијата, европски стандарди во владеењето на правото, стандарди во образованието, здравството, уметноста, култура, истакна Османи.

Со имплементацијата на договорот од Преспа министерот Димитров вели дека Македонија го реши најголемиот надворешно-политички проблем и конечно ќе го добие она што и следуваше уште во Букурешт во 2008та година.

Деновиве согласно процедурите ќе испратам писмо до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, а земјите-членки интензивно работат за пристапниот протокол во однос на нас, изменување на Вашингтонскиот договор со 30. членка, изјави Димитров.

Димиротв вели дека министерстава за надворешни работи на двете земји имаат изнајдено начин како Грција во исто време да ги ратификува и Преспанскиот договор и протоколот за членство на Македонија во НАТО.