Владата со препорака пензиите да се исплатат од 27 до 30 јули
Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27-ми месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи по распоред составен според висината на пензијата, соопшти владината прес-служба.
На денешната седница на Владата е усвоена Информацијата за исплата на пензии за јули 2021, а Фондот на пензиското и инвалидското осигурување добил задолжение да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26-ти месецов.
Според препораката од Владата, за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата треба да се изврши на 27.07.2021 (вторник), а за тие со износ од 11.001-14.000 денари на 28.07.2021 (среда). Пензиите со износ од 14.001 до 18.000 денари, според препораката, треба да се исплаќаат на 29.07.2021 (четврток), а над 18.001 денари – на 30.07.2021 (петок).
Ново на Сител
-
Воздухопловните сили на сојузничка Италија од денеска ќе патролираат над македонското небо
-
Намален бројот на овци и говеда, зголемен на свињите, козите и живината
-
Намалено производството на овошје, сончоглед, домати и краставици, зголемено на оризот и пиперот
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ
-
Уставен донесе одлука граѓаните со попреченост над 65 години да добијат финансиски надоместок
-
Ковачевски се надева дека на ТВ дуелот ќе ги слушне ставовите на Мицкоски за клучните прашања за државата
-
ЈОРСМ за убиството кај Железара: Не се обезбедени докази дека лицата лишени од слобода се сторители на кривичното дело
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка