Владата со конкретен чекор за поддршка на инвестициите од дијаспората
- Владата попладнево, на својата 58 седница го усвои предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде покрај странските и домашните инвеститори, свое место во законот добија и инвестициите од дијаспората, како инвестиции од значаен интерес за Република Македонија. Овој закон ја воспоставува правната рамка за реализација на мерките на Владата на Република Македонија од програмата за економски раст.
- Согласно овој закон, за почетни инвестициски вложувања на деловни субјекти основани од државјани на Република Македонија, коишто имаат живеалиште или привремен престој надвор од Република Македонија и доколку инвестицијата се однесува на: инвестициски проекти од значаен економски интерес за Македонија, пораст на капитални инвестиции, откуп на материјални средства од деловни субјекти со потешкотии, или во делот на зголемување на конкуретноста на пазарот, финансиската поддршка се зголемува за дополнителни 10 отсто, информираат од Кабинетот на министерот за дијаспора.
Ова, нагласуваат, е односот кој дијаспората го заслужува од матичната земја.
- Ова се конкретни решенија и мерки кои се од бенефит и за Република Македонија, и за дијаспората. Владата на РМ ја разбираат неопходноста од интензивирање на економската соработка помеѓу државата и дијаспората, па токму усвојувањето на овој закон ќе биде почетниот стимул за придвижување во таа насока, потенцвираат од Кабинетото на министерот за дијаспора.
Ново на Сител
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето