Македонија
17. January 2022 - 21:25

Владата се уште не одлучила дали ќе се продолжи распустот и како ќе се одвива наставата - што велат експертите?

Дали Владата ќе го  продолжи зимскиот распуст ќе се знае најдоцна до утре. Оваа одлука ќе се следи откако заклучок ќе донесе главниот кризен  штаб со кој раководи новиот премиер Димитар Ковачевски. Предлогото на комсисијата за заштита од заразни болести е второто полугодие да почне на време на 20 јануари. Ваквиот став според информации на Сител, е донесен по анализа на епидемиолошката состојба која поикжала дека нема зголемување на бројот на заболени деца од школска возраст.

Лекарите се на став дека распустот треба да се продолжи или учениците да прејдат на онлајн настава. Според нив, епидемиолошката анализа на која се повикува комисијата  е нерелевантна.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ побараа распустот да биде продолжен за две недели бидејќи според нив бројките не опаѓаат. За овој период велат ќе се стабилизира здравствената состојба и ќе може непречено да се одвива образовниот процес. Иако во дел од медиумите се појавија информации дека ЛДП предлага новиот министер за здравство да ги вклучи во комисијата докторите Никола Пановски и Драган Даниловски. Даниловски на фејсбук вели дека никој никогаш од ЛДП не разговарал со него. Дури и да се претпостави дека навистина од ЛДП имале намера да го предложат јавно изјавува дека не прифаќам било чиј предлог за членување во Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

-Овој мој став се темели на свесноста дека Комисијата за заразни болести никогаш не може автономно да функционира, колку и да се трудат членовите така да биде!