Македонија
15. May 2018 - 8:31

Владата се уште без потврда дали ДПА и БЕСА ќе добијат министерски места

Од Владата се уште не потврдуваат дали ДПА и БЕСА на Африм Гаши ќе бидат дел од владиниот состав. 

Дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, синоќа објавија дека ДПА и БЕСА на Гаши ќе добијат по едно министерско место и оти ова е договорено на средба со премиерот Зоран Заев.

Според пишувањата во медиумите, ДПА ќе го добие Министерството без ресор  со кое раководеше Рамиз Мерко, а БЕСА ќе раководи со Министерството за култура. И двете партии ќе добијат и заменици-министри, државни секретари и директори.

Премиерот Заев веќе извесен период изјавува дека сака да го прошири парламентарното мнозинство и оти разговара со помалите партии. 

Одлуките за влез во Владата, двете партии ќе треба да ги потврдат на партиските органи.