Македонија
13. April 2018 - 16:37

Владата се пофали дека планот 3-6-9 е 90 % спроведен, власта и опозицијата не се согласни околу законите од правосудството

Најдобар извештај и безусловна и чиста препорака за почеток на преговорите со Европската Унија очекува вицерпремиерот Османи во вторник, кога Европската комисија треба да ја објави оценката за напредокот на државата во евроинтеграциите. Османи пресметал дека се исполнети 90 отсто од обврските презмени со 3-6-9 планоти и тоа како што рече во најинклузивниот и најтранспарентен процес досега. Вицепремиерот ја поздрави и вклученоста на опозцијата во донесувањето на реформските закони.

Сепак, власта и опозицијата кои вчера заеднички донесоа 3 од 6те клучни реформски закони, се уште имаат различни ставови за законот за судови, за јавното обвинителство и за кривичната постапка. Власта тврди дека разликите се од техеничка природа и дека викендов ќе бидат испеглани разликите, за веќе во понеделник или вторник да бидат и донесени во Собранието и нотирани во Извештајот на ЕК.

Но, наспроти Ременски, опозциската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека трите закони не се усогласени со нив, а разликите се суштински.

„Вистина е дека имавме клучни забелешки во трите веќе донесени закони, особено во законот за заштитени сведоци, а кои беа прифатени од власта. Но, се уште имаме суштински разлики за трите останати закони. Разликите се длабоки, може да пројдат во понеделник или вторник, само доколку ги прифатат нашите предлози во делот на судството“, брифираат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Ременска, иако во најголем дел 6-те работни групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ  ги усогласиле ставовите и за другите прашања, наредни теми кои би се преговарале се составот на ДИК, потоа критериумите и начинот на избор на јавниот обвинител, но и собраниската независност од владата. Проценките од опозицијата се дека изборните реформи ќе бидат донесени некаде до крајот на септември, со цел претседателските избори до година да бидат организирани според новите правила.