Македонија
12. April 2020 - 17:06

Владата размислува за повисока акциза на горивата, опозицијата смета дека тоа ќе се одрази на граѓаните

Владата анализира дали да ја зголеми акцизата на нафтата. Министерката за финансии вели дека анализата ќе покаже дали ќе се изендачи акцизата на ектра лесното со другите нафтени деривати или ќе се зголеми акцизата за сите горива. Таа вели дека акцизата е важна ставка која го полни буџетот, а во моментов таа е намалена. Со оглед на тоа дека цените на дериватите во послендите месеци се намалија за 20 денари, смета дека зголемување на акцизата нема да влијае на зголемување на цените и осиромашување на граѓаните и стопанството.

Опизицијата пак смета дека зголемување на акцизата ќе ги зголеми цените во транспортот. Пресметката на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека месечниот билет на релација Скопје-Тетово или Куманово во моментов чини 3000 денари, ако акцизата се зголеми цената би пораснала на 3500 денари.

Транспортерите пак бараат солидароност во ова време односно да не се чепка во акцизата затоа што возилата може и да застанат.

Покрај со поголема акциза, дупката во буџетот Владата ќе ја пополнува и со поволни кредити од странство. Парите меѓу другото ќе се користат и за помош на стопанството. Мерката која се очекува да ја искористат најголем број фирми е исплатата на 14.500 денари помош по вработен. Оваа сума можат да ја користат сите работодавачи освен оние кои ги користат мерките од Макеоднија вработува 1 и 2. Парите можат да се користат за зачувување на работните места, но и за зачувување на платите. Парите ќе бидат исплаќани за месеците април и мај.