Владата разгледа неколку точки на редовната седница
Владата на денешната 46. седница донесе одлука за максималното задолжување со државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар за следната година.
Максималниот износ на новото задолжување со издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2018 година ќе изнесува 5,454 милијарди денари.
Издавањето на државните хартии од вредност се врши согласно Календарот за планираните емисии на државните хартии од вредност кој го утврдува и објавува Министерството за финансии на почетокот на периодот за кој се однесува, во согласност со Буџетот за 2018 година и врз основа на Законот за јавен долг.
Владата денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со поднесеното барање на ТХОР ИМПЕКС ДООЕЛ, Скопје за издавање на овластување за изградба на Ветерна електрана Богословец и донесе одлуката за одобрување за изградба на оваа ветерна електрана, како прва од ваков тип во приватна сопственост.
На оваа 46-та седница владата беше информирана за поднесните иницијативи за започнување на постапка за доделување на концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини во општините Неготино, Студеничани, Штип и Сарај, како и општините Прилеп и Долнени.
На денешната седница Владата ја усвои информацијата за исполнетост на условите на Друштво за производство, трговија и услуги МЕДИЦАЛ 420 увоз-извоз ДОО Битола, за вршење на дејност одгледување на коноп за медицински цели.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица