Владата расправаше за реформите за поголема финансиска автономија на општините
Владата на денешната тематска седница посветена на процесот на институционална децентрализација ги разгледа и усвои Дополнувањата на Информацијата за унапредување на процесот на фискална децентрализација, вклучувајќи ги и критериумите за распределба на дотацијата од ДДВ согласно симулациите со предлог-заклучоци.
– Владата донесе заклучок да се формира работна група за изготвување на соодветни законски решенија, за формирање на Агенција за регионален и локален развој, со по еден претставник од Министерството за правда, Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Бирото за рамномерен регионален развој и ЗЕЛС, чија работа ќе ја координира Министерството за локална самоуправа, информора владината Прес-служба.
Меѓу заклучоците од оваа седница на Владата е задолжението за Министерството за правда, Министерството за финансии и Бирото за рамномерен регионален развој, и укажувањето до ЗЕЛС, да номинираат по еден претставник во работната група во рок од 10 дена од усвојувањето на овие заклучоци.
– Оваа работната група треба да достави соодветни законски решенија за формирање на Агенција за регионален и локален развој до Владата на Република Македонија најдоцна до крајот на 2021 година, се додава во соопштението.
Покрај ова, Владата го задолжи Министерството за финансии да го достави Нацрт-предлогот на Законот за дополнување и изменување на Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа на мислење до сите надлежни министерства и до ЗЕЛС, и да изготви Предлог законски решенија по однос на горенаведените приоритети до септември 2021 година и да ги достави до Владата.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп