Македонија
1. July 2019 - 16:17

Владата расправала за инцидентот со М-НАВ - ВМРО бара истрага и притвор за Рашковски

Јавното обвинителство да отвори истрага за случајот со Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски бидејќи има индиции дека сторил криминал тежок 7 милиони евра местејќи тендери во македонска навигација, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека материјалите со кои располагаат му ги доставиле на јавното обвинителство и дека очекуваат Рашковски веднаш да добие притвор

За СДСМ обвинувањата на опозицијата се дефокусирање на јавноста од криминалот кој како што велат го вршеле функционери од опозицијата. Од Бихаќка порачаа дека одговорност ќе има за тој што го снимил разговорот бидејќи според нив,  ја кочел целата постапка за јавна набавка

Аферата Рашковски се нашла на дневен ред и на последната владина седница.

Рашковски го привлече вниманието кога пред неколку дена беше објавен снимен разговор на кој според она што го напишаа медиумите, тој договарал тендер три дена по истекот на рокот на тендерската документација.
Владиниот генерален секретар се бранеше дека договорот за јавна набавка бил склучен претходно и дека еден член на управниот одбор на МНАВ го блокирал неговото спроведување. Детали за случајот најави на прес конференцијата закажана за утре.