Бизнис
20. January 2016 - 19:44

Владата продолжува со финансиска поддршка за отворање нови работни места

Владата и оваа година ќе продоложи со финански поддршка за отворање нови работни места. Во тек е огласот за започнување сопствен бизнис, каде државата нуди 3.500 евра во опрема, репроматеријали или советодавни услуги. Аплицирањето за оваа мерка трае уште 10 дена.

Втората програма е обука кај познат работодавачот , каде нема фиксен рок за аплицирање.

Овој повик ќе трае до пополнување на квотата за искористеност на средствата.

За време на обуката државата покрива паричен надомест.од 6.200 денари по невработено лице. По истекот на три месеци, работодавачот  ќе добие субвенција за бруто плата од 19 илјади денари, од кои 14 се за невработеното лице, а 5 илјади за работодавачот.

Обврска ќе биде да ги задржи на работа уште една година. Портпаролот на владата најави и низа други мерки, кои треба да го поттикнат отворањето нови работни места.