Македонија
9. јуни 2020 - 12:26

Владата пред нова одлука, ќе има ли полициски час во најзагрозените градови?

Откако изминатото деноноќие помина без рестриктивни мерки сеуште нема точен термин кога ќе се одржи денешната Владината седница.

На вчерашната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска ќе одлучат по препораките на Комисијата за заразни болести односно да биде воведен до крајот на неделата полициски час четирите градови со најголем број на заразени лица од КОВИД-19.

Предлогот кој вчера беше донесен се однесува на Скопје, Куманово, Штип и Тетово. Да има ограничување на движењето од 22 часот до 5 часот наутро.

Според информации на Сител на одлука на Владата чекаат и во Комисијата за заразни болести токму поради ова одложување на вчерашната седница или на одлуката дали да има ограничување на движењето во овие четири градови. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести не биле разгледувани ниту други мерки ниту препораки за останатите сектори кои сеуште функционираат во вонредни услови. 

Сеуште нема официјални информации за точниот број на новозаболени во текот на изминатото деноноќие, неофицијално денеска бројот ќе биде под 100.