Македонија
1. July 2018 - 16:35

Владата потврди дека премиерот Заев е на викенд во Грција

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев викендот со своите семејства го поминаа во Грција, од каде ќе се вратат денеска, потврдуваат од Владата.

Вчера грчките медиуми го уловија Заев како плива во водите на Егејското Mоре. Според радиото „Тесалоники“, Заев и Анѓушев со семејствата преноќија во еден од камповите на првиот крак на полуостровот, Касандра.