Македонија
30. November 2021 - 11:54

Владата попладне ќе ја одржи 122. седница

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, како и Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците од КОВИД врз производството и откупот на земјоделски производи, се само некои од точките што ќе ги разгледа Владата на денешната редовна 122. седница.

Седницата треба да почне во 13:00 часот, а по нејзниото завршување, Владата ќе информира за донесените заклучоци и одлуки.