Бизнис
10. May 2020 - 16:54

Владата подготвува трет пакет мерки за поддршка на економијата

Македонската економија годинава ќе заврши со 5% пад. Невработеноста ќе расте, цените ќе паѓаат, дефицитот ќе се продлабочува. Виенскиот Институт со најлоши прогнози  од останатите релавантни институции, како ММФ , Светска банка, па и Евроспката Комисија  . Како последица од корона кризата очекуваат невработеноста да се зголеми за 4 проценти поени и да  достигне 21 отсто. Намалената потрошувачка ќе предивика дефлација, односно пад на цените на производите и услугите,  а  дефицитот на тековната сметка ќе се зголеми на  2,5%. Сепак и покрај ваквите прогнози, институтот македонската економија ја вбројува во подобрите во споредба со останатите држави во регионот.

Најцрни прогнози овој институт има за Хрватска, чија економија ќе заврши со пад од 11%, Словенија, 9,5, Црна Горан 8, Бугарија над 6, Србија 4. Заживување Институтот предвидува наредмната година, кога БДП ќе порасне на  4%.

Инаку за ублажување на последиците врз економијата, Владата веќе подготвува нов сет мерки. Ќе ги објават, кога ќе се обезбедат пари, а дел од нив најави лидерот на СДСМ  Заев. Информациите дека ќе се даваат по најмногу 10 илјади денари на социјално загрозените лица и на посиромашните ги отфрли како шпекулација.

За да се реализира ова директно финансирање на дел од граѓаните, недостасуват околу 80 милиони евра. Најверојатно ќе се прави ребаланс, кој министерката за финансии го најави до крајот на месецот, со цел да се обезбедат  финансии за оваа мерка.