Македонија
21. September 2015 - 16:55

Владата подготвува мерки за подобрување и унапредување на екстерното тестирање

Унапреден и подобрен концепт на екстерното теститање. Оваа учебна година, учениците ќе полагаат по нов метод. Владата и министерството за образование подготвуваат нови мерки за  надградување на целиот процес и систем на екстерното тестирање. Според заменик министерот за образование со новите реформи  значително ќе се подобри знаењето на учениците,  ќе се олесни совладувањето на метријалот но ќе се подобрат постигањата  и успесите. Ристовски вели дека добар дел од мерките се поклопуваат со конструктивните предлози на екс попретседателот на СДСМ Зоран Јовановски, кој застана во одбрана на екстерното тестерното тестирање преку предлози за негово унапредување.

Тонски-Спиро Ристовски-заменик министер за оразование и наука-како влада и министерство секогаш сме посветени да ги прифатиме предлозите што се во насока на напредување  и подобрување на системот на екстерното тестирање..ние подготвивме 6, 7 реформи

 Зоран Јовановски  смета дека посакуваните ефекти од реализација на екстернот тестирање се делумно остварени.Во саботната колумна за месечникот Еконмоија и бизнис тој посочува три чекори со кои ќе се унапреди концептот. Предлага квартално полагање и тестирање на крајот на секое тромесечие. Еден учебник за секој наставен предмет а не повеќе, со што би се избегнала ситуацијата одговорот за некое прашање да го има во еден но не и во друг учебник за истиот предмет. Според Јовановски најсуштински е изменување на приодот во тестирањето и исфрлање на однапред понудената листа на можни прашања.Учениците не напамет да ги учат одговорите туку суштински да ги разбираат. Ристовски вели дека секогаш се отворени да прифаќат конструктини предлози, а новите мреки за екстерното тестирање набрзо ќе им бидат соопштени на сите засегнати страни.