Македонија
6. July 2021 - 14:20

Владата одобри проекти за уште 36 општини од програмата ТАВ

Владата на Република Македонија на денешната 85-та тематска седница го разгледа и одобри пакетот договори за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни за финансиска поддршка финансирање на инфраструктурни проекти на општините од програмата ТАВ.

Вториот пакет, како што информираат од владината прес-служба, опфаќа 36 општини на кои им се одобрени проектите со кои тие аплицираа за оваа програма и со кои се опфатени изведби на инфраструктурни зафати од непосреден интерес на граѓаните од опфатените општини со овој пакет.