Бизнис
14. October 2020 - 21:22

Владата одобри приватизација на Македонска пошта

Приватизација или јавно приватно партнерство – концептот кој државата ќе го понуди ќе биде клучен за успешна продажба на Македонска Пошта. Додека не се види физибилити студијата, која државата треба да ја подготви до крајот на годината, експертите не сакаат јавно да ја  коментираат најавата на премиерот Заев. Но велат - евентуален  купувач сериозно би ја подобрил услугата, со што неминовно ќе биде и зголемување на цените.  Во моментов никој не сноси одговорност за загубени пратки, евентуалиот купувач тоа нема да го телерира. Треба да се види и колкави се вкупните долгови и дали ќе биде изводливо од загуба да се направи успешна фирма со задржување на сите вработени.

Од почетокот на годината до сега, според податоците на министерството за финансии  , имаат долг од 1 милион евра. За плаќање ќе стигнат уште 2 милиони до крајот на годината. Вкупните загуби пак, според Ревизорските Извештаи изнесуваат 10 милиони евра.

Со години Македонска Пошта ја раководи кадар на ДУИ. Вработени се 2,500  лица, претежно партиски  војници.  Во речиси сите ревизорски Извештаи се констатирани неправилности, - се давале големи попусти за поштенски услуги, аванси за службени патувања, без покритие, на раководни позиции се поставувале луќе без соодветно образование.  И покрај трупањето долгови, директорите секоја година си се наградувале со високи бонуси.

Пошта беше мета на вооружени напади и ограбени експозитури пред речиси сите избори. Но, до сега,  ниту сторителите , ниту парите не се најдоа.

За приватизација на Пошта предупреди и сопственикот на Еурсотандард банка, Трифун Костовски. Според него, власта прво ќе ја обезвредни компанијата, па ќе се делат откази, за на крај некој да ја купи за евтини пари.

Инаку ова ќе биде 2 обид за продажба на Пошта. Првиот беше во 2009 та година, кога Канадски пошти сакаа да ја купат. Но државата се откажа без образложение од продажбата и плати пенали од над 200 илјади кандаски долари.