Бизнис
14. October 2020 - 16:42

Владата одобри приватизација на Македонска пошта

Владата го отвори патот за приватизација на Македонски пошти. До крајот на годината треба да биде готова физибилити студијата која ќе го даде моделот, односно дали целосно ќе се приватизира или ќе се бара компанија за јавно-приватно партнерство.

Според вицепремиерот за економси прашања, овој чекор треба да ги подобри поштенските услуги за граѓаните.

-Тоа е едно јавни претпријатија кое што во изминатите години нерентабилно функционира и секако моделот кој треба да се најде е модел кој треба да покаже како ќе треба да се премине од неретанбилно во рентабилна компанија. Вработените не треба да ги засега примената на самиот модел, дали тоа ќе биде целосна приватизација или јавно-приватно партнерство. Тоа што е за нив е важно, дека ќе продолжат да работат во Македонски пошти, вели Битиќи.

Освено Пошта, можно е привитизарање на повеќе државни компании. Станува збор за ТЕЦ Неготино, МЖ – Транспорт, Еурокомпозит, но и други претпријатија.

Инаку, состојбата на Пошта дополнително се влоши по пропаѓањето на Еуростандард банка преку која се вршеа финансиските услуги и услугите на платен промет. Само во првите шест месеци од годинава компанијата има загуба од нешто над 850 илјади евра.