Македонија
27. January 2021 - 17:09

Владата одобри можност за отпремнина на војниците

Илјада евра за секоја година помината во армијата ќе можат да добијат професионалните војници, на крајот на својот ангажман. Кога ќе наполнат 45 години, тие сега ќе имаат можност да бираат – дали ќе бидат вработени во државните служби како досега, или ќе бидат испратени од АРМ со соодветен финансиски пакет.  

Министерката истакна дека договорот е постигнат во дијалог и на иницијатива на репрезентативниот синдикат, а од Владата веќе има зелено светло за оваа можност.

“Се надевам дека во најкраток можен рок ќе биде изгласано во Законодавниот дом и истото ќе почне што побрзо да се применува”

За остварување на правото на отпремнина професионалните војници ќе треба да поднесат писмено барање до 30-ти јуни, во годината кога ќе наполнат 44 години.