Македонија
15. јуни 2021 - 16:42

Владата одлучи: Од полноќ нема полициски час

Владата одлучи да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и почнувајќи од полноќ повеќе нема да има полициски час. Укината е и забраната за 100 гости на свадби и дозволени се концерти и забави.

Комисијата за заразни болести ги препорача овие мерки откако утврди дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на корона вирусот и со зголемувањето на бројот на вакцинирани.