Бизнис
2. February 2019 - 16:57

Владата од буџетот ќе исплати 2 милиона евра - долг од приватните винарии кон лозарите

Државата ќе го преземе долгот кој приватните винарии го имаат кон лозарите. Во четврток на посебна седница Владата ќе донес еодлука со која од буџетот ќе бидат исплатени околу 2 милиони евра на тиквешките лозари кои со години не можат да си ги наплатат парите од Повардарие, Стефанс винарија и неколку помали винарници. Министерот Николовски ваквата одлука денеска има ја соопшти на градоначалниците од регионот како и на производтелите на грозје на собирот во Кавадарци.

Решението за исплата на долгот доаѓа откако лозарите се заканија со протести, а за што добија поддршка и од опозицијата на средбата која пред два дена ја имаа со Мицковски.

Инаку, освен што ќе го исплати долгот кон лозарите, Владата подготвува и бришење на старите долгови за струја направени до 2006 година. Се работи за долг на околу 200.000 граѓани во висина од над 100 милиони евра.