Македонија
9. July 2018 - 16:35

Владата очекува покана за НАТО во среда попладне

Владата очекува Македонија да биде поканета во НАТО во среда попладне, на првиот ден од самитот во Брисел.  Шекеринска и Пендаровски на брифинг пред новинарите посочија дека дека следните шест  месеци ќе бидат клучни за нашиот прием во сојузот. Се очекува до крајот на годината да биде спроведен референдумот и уставните проимени, а во исто време да завршат мини преговорите со Алијансата.  Роковите се куси и мора брзо да се делува , вели вицепремерката Шекеринска.

Цел е да се фати сегашното мнозинство во грчкиот парламент кое би ја поддржало ратификацијата на македонското пристапување во Алијансата. Што се однесува до другите земји членки, националниот координатор за НАТО не очекува непријатни изненадувања и блокиерња на процесот на прием , бидејки Македонија има чисто досие во однос на политичките критериуми.

Вицепремиерката признава дека се можни одложувања на реализацијата  на догворот од Преспа, но потенцира дека тоа би било стратешки штетно бидејки ќе се пропушти поволниот момент во Грција. Таа ги повика сите политички партии и  сите фактори во државата да не дозволат вторпат да се уништи шансата која државата ја доби. Во тој контекст таа смета дека е несериозно да се блоќира формирањето на ДИК за што е постигнат мегупартиски догворо. Формулацијата со која Македонија ќе биде поканета во НАТО ќе биде иста како онаа за Црна Гора во 2015 –та, односно  претходно за Албанија и Хрватска од самитотот во  Букурешт во 2008-та, инистира Пендаровски.

Според Шекеринска процедурата за пристапување на Македонија кон НАТО е стандардна и нималку различна од оние на претходните три земји кои влегоа во Организацијата.

Според проицедурите во Алијансата, откако на самитот земјите членки ке доенсат со која земјата се поканува за влез, Генералниот скеретар на Алијансата ќе испрати и  форлмална покана до Владата, по што можат да почнат претпристапните преговори,.