Македонија
3. April 2019 - 12:16

Владата очекува почеток на преговорите во јуни

Очекуваме позитивен политички сигнал за да можат да почнат интензивните подготовки за официјален почеток на преговорите со ЕУ. Нема ништо ново освен тоа што веќе го работиме како реформи. Не постои нов момент за кој треба да се одработи нешто. Дел од техничките подготвовки течат и во моментов. Речиси 20 поглавја се поминати од техничкиот подготвителен скрининг. Но, за подготовка на преговарачката рамка, билатерталниот скрининг и првата меѓувладина конфереција која го означува и стартот на преговорите потребно е зелено светло на политичко ниво во јуни, што официјално би не довело во интензивна подготвителна фаза. Значи сите временски рокови остануваат исти, изјави владиниот портарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција.  
 
Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање кои споменици ќе бидат преименувани и означени како споменици од античка Грција рече дека тој процес е во тек и дека комисија во рок од шест месеци ќе утврди кои се тие споменици.
 
-Комисија ќе утврди кои се тие споменици. Некои се во центарот на Скопје. Тоа што тие го нарекуваат „Воинот на коњ“, јасно ни е на сите, а и на нас, и уште пред половина година кажавме дека тоа ќе биде „Александар Македонски“, тоа што всушност е, но листата се уште ја немаме за да кажеме, рече Бошњаковски.
 
Тој посочи дека во оној момент кога комисијата ќе ја заврши работата и кога ќе утврди кои споменици се, целата листа на споменици што ќе добијат натпис дека се дел од хеленската историска цивилизација-наследство на целиот свет, ќе ја информираат јавоста.