Бизнис
26. October 2021 - 17:01

Владата објави 5 годишен економски план за забрзан економски развој

Повеќе инвестиции во јавниот и приватен сектор, поголем економки раст, намален дефицит и јавен долг. Владата го објави амбициозниот 5 годишен план за забрзан економски развој, кој би се реализирал до 2026 та година. За да се оствари, планира да вложи 4 милијарди евра, пари од буџетот, но и кредити од надвор додека приватните инвестиции да надминат 8 милијарди евра. Со тоа, растот ќе достигне 5%, а невработеноста ќе падне на 8,6 отсто. Колкаво ќе биде задолжувањето, за да се реализара планот, без конкретен одговор.

Владата планира да формира најмалку 6 нови фондови, зелен, инвестициски, развоен, но не откри дали планира да издава и хибридна обврзница, како што ќе издава Србија.

Очекувањата на владата се од сегашните 6,5% буџетскиот дефицит,  за 5 години да се сведе на 2,2 а јавниот долг да се спушти под 60% од БДП. Се надеваат на, стабилирање на кризата од следната година, стабилност во енергетскиот и нафтен сектор, како и стабилни цени на производите. За до крајот на годината, премиерот Заев не очекува драстчен пораст на цените, односно не повисока инфлација од 3%.