Владата обезбеди 98 милиони денари за борба против аерозагадувањето
– Владата на Република Македонија на денешната 103-та седница донесе одлука со која обезбедува првични 98 милиони денари во борбата против аерозагадувањето, кое станува стратешки приоритет на Владата.
– Донесена е одлука со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година. Како првични средства за оваа намена во Буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница, се вели во соопштението од владината прес-служба.
На 103-тата седница, како што информираат, Владата го разгледала и предлог планот и мерките за утврдување Програма за намалување на аерозагадувањето во рамките на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија.
За таа цел, Владата го задолжи Министерството за финансии да ја вклопи Програма за намалување на аерозагадувањето во предлогот за Буџетот на Република Македонија за 2019 година.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто