Владата нема да потроши повеќе од 400 илјади евра за кампања за референдумот
Владата на Република Македонија не планира да потроши повеќе од 300 до 400 илјади евра за кампањата за референдумот. Кампањата треба да помине во пријатна и привлечна атмосфера, по која граѓаните ќе гласаат „за“.
Ова вчера од Крива Паланка го истакна премиерот Зоран Заев кој појасни не би требало да се потрошат повеќе пари бидејќи, какао што рече, самиот референдум не е како парламентарните избори и не бара многу трошоци за кампања
- Нашите намери се референдумот да мине во што попријатна и попривлечна атмосефа за граѓаните, поразлична од какви и да било други изборни процеси. И затоа верувам дека граѓаните во таква пријатна атмосфера ќе излезат и ќе гласаат „за“, рече Заев.
Денеска завршува пролонгираното време за пратеничките групи да се изјаснат дали ќе учествуваат во кампањата и дали се „за“ или „против“. До сега се изјаснија само партиите од владејачкото мнозинство, додека ставот на ВМРО-ДПМНЕ треба да биде соопштен денеска.
Во меѓувреме, Собранието соопшти дека 71 пратеник активно ќе учествува во кампања „За“ на референдумот, а пратеникот Антонијо Милошоски е дециден дека ќе бојкотира.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација