Владата не се откажува од „Република Илинденска Македонија“ - Шекеринска: Ова е одлична база за решение | Сител Телевизија
Македонија
20. May 2018 - 17:44

Владата не се откажува од „Република Илинденска Македонија“ - Шекеринска: Ова е одлична база за решение

Разговорите меѓу Македонија и Грција за името продолжуваат  се до изнаоѓање на дефинтивно решение на 25-годишниот спор меѓу двете држави. Останува и договорената средба на преговарачите идната недела во Њујорк со медијаторот Нимиц. Последниот прифатлив пакет Република Илинденска Македонија за севкупна употреба, со македонски јазик и мк и мкд кодови е добра  база за решение. Ова е одговорот на македонската Владата и вицепремиерката Радмила Шеќеринска откако  синоќа Ципрас го одби предлогот Република Илинденска Македонија кој претходно го имаше усогласено со македонскиот премиер. Ципрас соопшти дека  го поздравува тоа што македонската страна прифати ерга омнес решение, но и дека преговорите продлжуваат се додека не се изнајде заемно прифатливо име со географска или временска одредница, како што е предложено од страна на Нимиц,.

Од македонската влада, пак, велат дека токму решението Илинденска Македонија е име со временска одредница.

- Никогаш не сме биле поблиску до решение, а пријателството меѓу двете земји и двата народи никогаш не било поголемо. Ќе ги вложиме сите напори да извлечеме максимум од овој позитивен историски момент за двете држави, соопштија од Владата.

Според вицепремиерката Радмила Шеќеринска, еднаш прифатена опција за севкупна употреба не ја обврзува македонската страна да прифати такво нешто и во идните разговори бидејки ерга омнес се однесувал само на овој пакет.

 - Од првиот момент до денес, и македонските и грчките преговарачи кажуваат дека или ќе договориме се или нема да имаме договор, дека пакетите се тие кои што не можат да бидат отворени и секој да си бира што сака, туку дека бараме решение кое што ќе даде одговор на сите прашања и кое ќе биде прифатливо за двете страни. Таков договор беше постигнат прво меѓу двајцата министри, а потоа начелната согласност беше дадена и од страна на двата премиери и тоа е пакет, кој не може да се дроби на парчиња. oва беше добар чекор напред и добра основа на решение кое што требаше да се преточи во договор подготвен и од страна на медијаторот Метју Нимиц.  Очекуваме дека овие контакти ќе продолжат и дека средбата ќе се случи оваа недела. Меѓутоа, работиме на решение кое што ќе одговара на интересите на двете држави и на Македонија и на Грција.

Заев вчера и на лидерска средба со државниот и политичкиот врв  реферираше за Илинденска Македонија како за опција која ќе стави крај на спорот и ќе ја внесе државата во НАТО и ЕУ.  Тој најави дека решението ќе оди преку Собранието со уставни амандмани, а ќе има  референдумско изјаснување. Заев тврди дека со предлогот се заврстува темелот на државата и со него се прави јасна дистинкција од регинот Македонија во Грција, додека досегашните три Илиндени се заедбничка борба на мултиетничкиот народ.

Лидерот на опозициската ВМРОД-ПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата го одби пакетот бидејки како што рече секој предлог кој подразгбира промена на Уставот со цел промена на уставнотот име за нив е неприфатлив

По одбивањето на предлогот од страна на Ципрас со рекација за македонските преговарачки позиции излегоа од Левица. Тиое бараат прекин на прегворите со Грција и отпочнување на меѓународно-правна процедура, преку Генералното собрание на Обединетите нации, за полноправно членство на Македонија под нејзиното уставно име.

„Во случај на иден референдум на државно ниво, Левица ќе ја предводи кампањата против промена на името“, соопштија од  Президиум на ЛЕВИЦА.