Македонија
13. October 2020 - 21:20

Владата не донесе одлуки по препораките на Комисијата за заразни болести - прво ќе треба да се прават законски измени

Заштитни маски на отворено не се задолжителни од утре, ниту пак полицијата ќе може да упаѓа во домовите на граѓаните доколку имаат повеќе од 4-ца гости и да ги казнува. Токму ова овласување на владата било проблематично со постоечката законска регулатива. Неизвесно е од кога кога ќе се применуваат овие мерки бидејќи, Владата на денешната седница донесе заклучок дека потребно е да се направат измени во Законот за заштита на населението од заразни болести. 

Од Владата не прецизираат кој член од законот треба да се менува, и велат тоа дополнително ќе го утврдуваат владините комисии за законодавство и здравство. Дополнително и отежнатата работа на собранието поради зарзените пратеници и тешкото обезбедување кворум ја комплицираат ситуацијата со носењето закони.

Дури откако ќе се направат законски измени, Владата преку подзаконски акти ќе ги регулира новите мерки. До сега според според членот 58 од овој закон, на Владата и се даваше можност да ограничи движење во државата и патување надвор, да забрани собири и да ограничи промет на одредени стоки и услуги, но не и на полицијата врши упад во приватните домови без судски налог. Уставот ја гарантира Неповредливоста на домот. 

Освен задолжителното носење заштитна маска на отворено, ограничувањето на бројот на гости дома до 4 лица, Комисијата предложи и да се забрани групирање на јавни простори на повеќе од 4 лица по 22часот.