Бизнис
1. May 2019 - 16:07

Владата најавува зголемување на минималецот, работодавачите велат дека не растат и останатите плати

Минималната плата догодина може да стегне до 16.000 денари. Премиерот е оптимист дека позитивниот тренд ќе продолжи и согласно предизборните ветувања, до крајот на овој мандат, односно веќе до следната година минималната плата ќе биде за 50 евра поголема.

По повод Денот на трудот, Владата и социјалните партнери разговараа за следните чекори за зголемување на минималецот. Од овој месец ќе почнат преговорите со работодавачите за од 01 јули околу 90.000 најслабо платени работници да добијат плата од 13.000 денари.

Минималната плата во 2017 беше зголемена на 12.000 денари. Во моментов изнесува 12.500. Работодавачите пресметале дека растот на минималцеот имаше слаб ефект врз другите, поголемите плати и бараат Владата токму тука да ја насочи помошта.

На денешениот социо еконосмки совет разговарано е и за измените на ЗРО посебно во делот на кратење на период за вработување на определено време.