Бизнис
12. January 2019 - 16:14

Владата најавува силен фокус на економијата од денеска

Од денеска почнуваме со работа, посочи примиерот Заев по вчерашното гласање на уставните измени. По завршувањето со политичкиот поход, најави економски реформски поход.

Реализација  на сериозни мерки кои се зацртани во годинешната економска агенда, со која очекува  зголемување  на економскиот раст, поголем прогрес за граѓаните и враќање на довербата кај инвеститорите.

За годинава најави ново зголемување на минималната плата за да има дополнителен раст кај сите плати. Дека во  2019  граѓаните ќе почнат да добиваат поврат до 15 отсто од ДДВ - то од купените производи или платени услуги. 

Ќе има намалување на данокот на добивка за информатичките производи и тоа од 10 на 3 проценти. Инвестиции во инфратуктурата, енерегетски  проекти,  во обновливи извори на енергија. Очекува со реализацијата на сите овие проекти  растот годинава да достигне 4 и повеќе проценти.

Опозицијата не верува во економскиот бум кој го најавува премиерот Заев

Заев и порача на администрацијата да работи напорно ефинаско одговорно за постигнување на завртаните цели.