Бизнис
20. January 2020 - 16:38

Владата најавува промени во проектот ,,Мој ДДВ‘‘

Граѓаните кои скенираат фискални сметки да добиваат повисок процент од 15% од платениот ДДВ. Владата планира измени во проектот Мој ДДВ за поголема масовност, дознава Сител.  Колкаво би било зголемувањето на вратените пари, засега не се открива. Нашите извори велат дека не е во ред  лицата кои скенираат    месечно да добиваат максимум 600 денари, за кои  треба да потрошот над  30 илјади денари, а дневно со наградната игра да се доделуваат по 1,000, 2.000 или 3 000 денари.  Затоа измените ќе бидат направени дел од парите предвидени за Моја награда - 500 илјади евра, да се пренасочат кон сите  кои скенираат фискални. Инаку до сега 185 илјади граѓаните ја користат апликацијата Мој ДДВ и за 3 месеци можат да добијат до 1.800 денари. За дел од граѓаните оваа сума е мала, затоа не скенираат фискални

На крајот од февруари лицата кои скенираат ќе ги добијат парите за октомври, ноември и декември. Во исто време, имаат можност и за учество во наградната игра, каде покрај дневни, се доделуваат и месечни награди, но и 2 главни премии од по 50 илјади евра. Годишно секој кој скенира фискални може да добие  по 7.200 денари, или едно 4 члено семејство до 28.800 денари годишно.