Бизнис
18. July 2019 - 16:20

Владата најавува одговор за тужбата од Хеленик Петролеум

Владата нема да седи со скрстени раце иако не открива никакви детали. Министерот за економија по тужбата против државава која ја поднесе грчката нафтена компанија Хеленик петролеум вели дека веќе е формиран преговарачки тим од владини претставници и од експерти кој имал неколку  средби со другата страна. Детали од преговорите не се откриваат, сите можности се отворени, а главниот збор ќе го има арбитражниот суд во Париз преку кого е поднесена тужбата.

Бектеши не отквира ни дали нафотоводот кон Грција ќе биде дел од преговорите во овој спор. Претходниот договор со Хеленик за продажбата на ОКТА истече пред два месеци, и сега с епоставува прашањето дали изгрдбата на нафотводот ќе се регуилира со новиот договор.

Хеленик еднаш веќе ја доби државава пред истиот суд. Макеоднија тогаш плати повеќе од 40 милиони долари. Сега грчката страна ја побарува истата сума заради непочитување на одребата од договорот според која земјава имаше обврска да купува по 500.000 тони мазут годишно во период од 20 години. Од 2008 до 2011 тоа не било правено.