Македонија
21. April 2018 - 16:18

Владата најави ребаланс на буџетот до средината на оваа година

Ребаланс на буџетото кон  средината на годинава. Премиерот Заев  посочи -има простор за ново прекројување на држваната каса. Парите кои дел од јавните претпријатија не ги искористиле ќе бидат насочени за капитални проекти  кои треба да се реазлираат во идниот период.  Со ребаласнот нема да се корегира  владината проекција за раст домашната економија од 3,2 проценти за годинава.

И покрај прогнозите на Светска банка и ММФ дека домашната  економија 2018 ќе ја заврши со помала стапка на  раст, Заев е убеден дека годинава  таа ќе достигне 3,2 проценти.

Посочи дека реализацијата на капиталните инвестиции во првите два месеци од годинава е мала од само 4,3 проценти, но дека тоа е нормално за зимски услови.  Очекува годинава за домашната економија голем  придонес да дадат проектите кои треба да почнат да се реазлуираат – инвестицијата кај Скопкси Саем, 150 милиони евра на Лимакс изградбата на Чебрен и Галиште и вложувањата во патната и железничка инфрастуктура.  

По најавата на Заев за потребата од ребалчанас на буџетот реагираа и од опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека најголемиот буџет во историјата на Македонија што го предвиде владата на Заев е расипнички, неразвоен и скроен само за да ги задоволи политичките апетити на најнеспособниот економски кабинет, пишува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.