Бизнис
9. September 2018 - 16:36

Владата најави пролонгирање на прогресивното оданочување

Воведувањето на прогресивен данок е одложено поради референдумот. Засега не е позната долната граница на приходи од каде што ќе се воведува поголем данок

Премиерот Заев вели дека во окомври ќе се прават анализи за ребаланс на буџетот за дали има потреба од пренамена на средства.

Од Владата велат дека Македонската економија расте и се стабилизира на долг рок. Оттаму се убедени дека до крајот на годината ќе се постигне предвидената проекција од 3,2 отсто раст. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев вели дека интензивирањето на градежните активности кои се очекуваат за следниот период дополнително ќе влијаат на растот.

Од Владата тврдат дека со влезот на Македонија во НАТО и ЕУ дополнително ќе се зголеми економскиот раст.

Германија кон крајот на годината ќе испрати економски советник од кабинетот на канцеларката Меркел со кого ќе се формира Управувачки комитет за да може директно да се воспостави соработка со Германија, која ќе ни помогне во добивање грантови и кредити и имплементација на проектите. Заев зад затворени врати со Меркел зборувал за економија и вели дека очекува оти трговската размена меѓу двете земји ќе надмине 4 милијарди евра.