Свет
5. May 2020 - 9:20

Владата на Шпанија инсистира на продолжување на вонредната состојба

Шпанската Влада врши притисок врз опозициските партии да одобрат уште едно продолжување на вонредната состојба во земјата и предупредува дека неуспехот да се стори тоа може да предизвика хаос.

Министерот за транспорт, Хозе Луис Абалос очекува остра дебата во Парламентот на утрешната седница.

Тој смета дека овие мерки се најефикасниот правен инструмент во борбата против коронавирусот, бидејќи „тие им даваат на властите исклучителна моќ ограничување на слободата на движење“.

Абалос вели дека без тоа, сите досегашни жртви би биле бесмислени.

– Не постои план Б, нема алтернатива за вонредната состојба, рече Абалос на прес-конференција во Мадрид.

Министерот за здравство Салвадор Ила рече дека тоа е неопходно.

Шпанија успеа да го намали дневното зголемување на заразени од околу 35 проценти во средината на март на 0,16 проценти со помош на строгите мерки за изолација.

Повеќе од 25.000 луѓе во земјата починаа како последица од вирусот Ковид-19.