-->
-->
Владата на Ципрас доби доверба од грчкиот Парламент
-->
Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас го преживеа гласањето доверба и со 151 глас „ЗА“ доби поддршка од парламентот. Од пратениците, 148 гласаа „против“, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што беше очекувано и најавувано, освен 145 пратеници од СИРИЗА, за доверба на владата гласаа четворица независни пратеници и двајца од Независни Грци, односно владата ја поддржаа: министерката за туризам, Елена Кундура, заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис, кои до неодамна беа дел од Независни Грци, заменик министерката за цивилна за заштита, Катерина Папакоста, која е независен пратеник, пратениците од Независни Грци, Костас Зурарис и Танасис Папахристопулос, и сега веќе независниот пратеник, а до завчера член на Река, Спирос Данелис.
Сите пратеници од опозициските партии, Нова демократија, Движење на промена, Златна зора, Река, Сојуз на централисти, Комунистичката партија на Грција, гласаа против.
Од Независни Грци, со исклучок на Зурарис и Папахристопулос, останатите членови на пратеничката група беа против доверба на владата.
По добиената доверба од парламентот, вниманието на грчката Влада се насочува кон Договорот од Преспа и пратениците кои што би гласале за негова ратификација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак