Македонија
17. August 2015 - 20:20

Владата ќе вложи близу 40 милиони евра во 221 проект за рурален развој

Со 39 милиони евра ќе се подобрува животот во селата низ земјава. Ќе се градат водоводи, патишта,паркови а ќе се реконструираат и стари објекти. Општините денеска ги добија решенијата со кои ќе можат да ги реализираат одобрените проекти. Премиерот Груевски денеска информираше дека ќе се реализираат 221 инвестиција низ сите општини во земјава, а годинава се издвоени двојно повеќе средства за оваа намена.

 Максималната сума што можат да ја добијат општините за еден проект е 20 милиони денари.Со програмата досега се релаизирани 166 проекти во висина од 12, 3 милиони евра. Градоначалниците се задоволни од сумите што ги издвојува државата .Со нив видно е подобрен животот на граѓаните во помалите населени места.

По завршување на административните процедури општините треба да ја релизираат инвестицијата, по што ќе им се исплатат 100 % од предвидените средства. На поруралните општини ќе им биде доделен аванс во висина од 20 отсто.

Мерката се спроведува од 2009 година , преку една година, поради сложеноста на проектите за кои е потребно повеќе време да се реализираат.