Македонија
27. October 2017 - 12:42

Владата ќе расправа за пречистителна станица за отпадни води во Скопје

Владата на Република Македонија попладне ќе ја одржи 33-та седница на која ќе ја разгледа информацијата за покренување иницијатива за задолжување за проектот за пречистителна станица за отпадни води во Скопје.  

Втора точка на дневниот ред на седницата е информацијата за склучување на билатерален договор меѓу Владата и Европската комисија за кофинансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“.