Македонија
11. April 2018 - 13:38

Владата ќе потпише Меморандум со Бугарија за спојување на ден-однапред пазарите на струја

 Нови деловни можности и прекугранична трговија за постигнување ефикасност, конкурентни цени и повисоки стандарди за услуги ќе се постигнат со Меморандумот што Министерството за економија на Република Македонија треба да го потпише со Министерството за енергетика на  Република Бугарија во областа на енергетиката, за спојување на ден-однапред пазарите на електрична енергија.
 
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски истакна дека информацијата за овој меморандум била разгледана и усвоена на вчерашната седница на Владата на РМ и неговото потпишување е овозможено со донесувањето на Законот за енергетика, и либерализацијата на пазарот на електрична енергија. 
 
На ваков начин, рече, се зајакнуваат капацитетите на земјите што не произведуваат доволно електрична енергија, и тие се врзуваат со земји што имаат поголемо производство, во случајот со Република Бугарија.
 
Така, рече, ќе се добие квалитетна услуга и ќе се обезбеди цените да останат во постојните рамки. 
 
Овој Меморандум, според Владата, е резултат и на поволната клима на пријателство и меѓусебна поддршка која произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија