Владата ќе одржи седница во Штип, најавени серија активности на премиерот и министрите
Владата утре во Штип ќе ја одржи редовната четврта седница.
Премиерот Оливер Спасовски и министрите, како што соопшти владината прес – служба, ќе имаат и повеќе активности во штипскиот регион.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, како дел од неговите активности во пресрет на владината седница, ќе изврши увид во работата на пречистителната станица Злетовица во населба Баби.
Пред одржувањето на владината седница во Штип, вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со британскиот бригаден генерал, Хју Лојд Џонс ќе ја посетат Касарната „Јане Сандански“ во Штип. Во оваа касарна се реализира обука под менторство на припадниците на вооружените сили на Обединетото Кралство.
Премиерот Спасовски, заедно со вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори Мила Царовска, дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на УЈП, Сања Лукаревска ќе ја посетат текстилната компанија „Албатрос“ во Штип. Предвидена е средба со менаџментот и вработените во фабриката.
На оваа средба, како што е најавено, ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претставник на Организацијата на работодавачите, како и претставник на Здружението „Гласен текстилец“.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори