Владата ќе објави сет мерки за поддршка на економијата
Владата денеска треба да го објави сетот мерки наменети за економијата. Мерките, како што вчера најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, содржи три главни столба и ќе бидат подеднакво наменети за домашните и странските инвестиции.
Главен критериум за добивање помош од државата ќе биде резултатот од работењето, односно ќе бидат помогнати оние компании кои се подготвени да испорачаат раст на приходот во текот на тековната година.
Првиот столб на поддршка ќе биде гринфилд и браунфилд инвестиции, во ТИРЗ или надвор од нив, вториот столб ќе биде наменет за поддршка на извозот, а третиот ќе биде специјализиран за мали и средни претпријатија.
По објавувањето на мерките ќе биде отворена дискусија со стопанските комори, финансиски институции, МАНУ, универзитетите и сите оние кои сметаат дека можат да дадат придонес.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето