Владата ќе носи одлука за гарантирани цени на пијалоците
За најмалку 10% ќе поевтинат алкохолните и безалкохолни пијалоци. Владата утре ќе ја донесе одлуката, а намалените цени би требало да се применуваат веќе од среда. Во меѓувреме, пазарниот инспекторат на терен проверува дали маркетите ги спуштиле цените на основните прехранбени продукти. Контролитите покажале дека и големите ланци маркетите не ја почитувале мерката.
- Јас јавно ќе ги кажам. Во Скопје се големите ланци Веро и Вива Фреш. Не гледам причина зошто јавно да не ги објавам имињата на тие што не ја почитувале мерката. И јавно ќе ги објавувам имињата на тие што и натаму нема да ја почитуваат, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.
- Апелирам да се почитува мерката и тука сакам да се заблагодарам и на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, да го поздравам и директорот кој е тука со нас, за ажурноста и ефикасноста во проверките и спроведувањето на оваа мерка која е донесена. Секако да се заблагодарам и на министерот за економија и неговите колеги кои што направија детални анализи за да дојдеме до мерка која ќе биде во интерес и на трговците и на производителите, а најмногу во интерес на граѓаните., изјави Димитар Ковачевски, премиер.
Од Стопанската Комора пак апелираат – затворањето на маркетитие е престрога мерка и тоа е последно нешто што треба да се направи. Пешев очекува затворените маркети во Скопје, Струга и Кичево да се отворат уште денес, затоа што времето на прилогодување, според него, било прекратко.
„Мерката е драконста, престрога и непотребна. Се надевам дека во еден кооперативен дијалог во текот на денот ќе најдеме начин како барем објектите да почнат да работат и да се договориме во која динамика ќе се поправат недостатоците кои биле еветнуално востановени“, рече Антони Пешев, Стопанска Комора.
Од владат пак возвраќаат – кога ги качуваа цените, можеа преку ноќ да се прилагодат. Имаа доволно време да ги корегираат цените.
- Мерката не е преку ноќ донесена. Имаа 10 дена да се прилагодат. Јас имав средба со големите ланци маркети и дистрибутери една недела пред да биде објавена мерката . И сите знаеја кога ќе биде, додава Бектеши.
Маркетите кои не ги намалија производите ќе бидат затворени 5 дена. Од нив државата само за казни инкасира 73 илјади евра. Најавија контроли и во помалите продавници, а ќе се казнуваат и дистрибутерите кои не вршат испорака на овошје и зеленчук во маркетите.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар