Владата ќе ја одржи редовната 10. седница
Владата денеска ќе ја одржи редовната 10-та седница на која меѓу точките е и разгледување на годишниот извештај за работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за 2019 година.
На предлог на Министерството за економија на седницата, која е предвидено да започне во 12:00 часот, е и извештајот за работата на Националниот комитет за олеснување на трговијата согласно обврските од Спогодбата за олеснување на трговијата во рамки на Светската трговска организација.
Владата на седницата ќе го утврдува и текстот на предлогот за закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во Република Македонија и Република Србија.
На предлог на Министерството за правда за оваа седница е предвидена и презентацијата на информацијата со извештај за реализација на Програмата за обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно насилство за 2019 година.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште