Македонија
18. September 2018 - 11:47

Владата ќе ја одржи 89. седница

Владата денеска ќе ја одржи 89-та седница, на чиј дневен ред, меѓу другите точки е и Информацијата за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за реализација на проектот „Изработка на Стратегија за развој на енергетиката на Република Македонија до 2040 година“, која доаѓа како предлог на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. 

На дневен ред се и Информацијата за зголемување на коефициентите на сложеност на работите во јавните установи за деца-детски градинки во 2018 година, Информацијата за текот на постапката за основање на ТИРЗ Липково, а ќе биде разгледан и тримесечниот извештај за работата и материјално-финансиското работење на МЕР АД Скопје, како и Полугодишниот извештај за работењето на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам за периодот. 

На предлог на Министерството за здравство, Владата на РМ денеска ќе ја разгледа и Информацијата за можноста за воспоставување на јавно приватно партнерство преку формирање на современа модерна организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Република Македонија (HEMS) и хеликоптерските услугите за пребарување и спасување (SAR) чија цел е подобрување на животниот стандард и безбедноста на сите граѓани на Република Македонија и за сите посетители во земјата.