Македонија
21. September 2021 - 10:29

Владата ќе ја одржи 107-та седница

Владата на денешната 107-ма седница на предлог на Министерството за финансии ќе го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, кој предвидува измени во насока на подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините.

Како што соопшти владината прес-служба, на дневен ред на седницата е и Информацијата за спроведување на ИПА проектот „Набавка на ИТ и друга специфична опрема за информатички систем и мониторинг на животната средина“.

Владата ќе разгледува и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето.

За донесените одлуки и заклучоци од владината седница, ќе биде испратено соопштение.