Бизнис
28. July 2017 - 13:24

Владата ќе го разгледа дополнетиот предлог за ребаланс на Буџетот

Владата на Република Македонија денеска (15:00) ќе ја одржи седумнаесетта седница на која ќе биде разгледан дополнетиот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, соопшти владината прес-служба.

Дневниот ред за денешната седница предвидува владата да ја разгледа и информацијата на Министерството за финансии за статусот на проектот „Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на персонален данок на доход за граѓаните“ кој го води Управата за јавни приходи.

Пред министрите ќе се најдат и неколку предлози за кадровски решенија, а исто така ќе бидат разгледани и дополнителни предлози и прашања.