Бизнис
5. July 2019 - 13:25

Владата ќе го раскине договорот со Еуромакс за рудникот Иловица

Владата одлучи да го раскине договорот со компанијата Еуромакс за рудникот Иловица, но на седницата не е разговарано за евентуалните штети врз Буџетот. Оттаму велат рокот за жалба трае 15 дена, информираше портпаролот на Владата.

Министерството за економија на вчерашната седница на Владата на Република Северна Македонија информираше дека се исполнети законските услови за донесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово на ЕУРОМАКС Ресоурцес ДОО Скопје. Во информацијата којашто пред Владата ја презентираше Министерството за економија, утврдено е дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање на дозвола за експлоатација. По истекот на задолжителниот рок за жалба од 15 дена, Владата на Република Северна Македонија ќе може да донесе и конечна одлука за едностран раскин на Договорот за концесија со ЕУРОМАКС Ресоурцес ДОО Скопје.

Мирјана Давидовска