Македонија
19. јуни 2017 - 17:21

Владата ќе го дочека Хан со подготвена реформска агенда

Агресивно адресирање на реформските приоритети преку подготвување на акциски план за што побрза евроинтеграција на Македонија. Драфт верзијата од планот да биде готова пред доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан во нашата земја, најавено за 26 Јуни. Вицепремиерот за Евроинтеграции најави исполнување на целите што ЕУ ги бара од нас, со цел повторно добивање на позитивна препорака за преговори.
 
Процесот на реформи ќе биде инклузивен, и покрај учеството на сите политички партии, консултиран ќе биде и невладиниот сектор.
 
Дел од стратегијата на Владата е и отстранување на политичките пречки за евроинтеграцијата и поради тоа ќе се патува во Бугарија, земјата која наскоро ќе биде претседавач на ЕУ. Целта е Македонија во тој период да биде високо на нивната агенда, но и да се надминат дел од отворените билатералните прашања.