Македонија
9. November 2017 - 16:16

Владата ќе формира независна агенција за прислушување

Формирање на владина агенција која што ќе има техничка улога во следење на комуникациите ќе биде решението за надминување на монополот што во овој момент го има УБК во однос на прислушкувањето, информираше првиот човек на службата Горан Николовски.

Новата оперативно – техничка агенција, која ќе биде дел од реформите на безбедносно-разознавачкиот систем во нашата земја, ќе може да го вклучи прислушувањето, но нема да може да собира податоци, бидејќи сигналот ќе го користи УБК.

Процесот на воспоставување на правото мора да тргне токму преку трансформацијата на УБК и на механизмите за контрола на следењето на комуникациите, кои се од суштинско значење за безбедносниот систем, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Деновиве и официјално е формирана работна група со владини претставници, која ќе работи на изнаоѓање на соодветни законски решенија кои ќе даваат насоки во кој правец треба да се движи процесот на реформи.

Првиот човек на УБК очекува дека во декември ќе биде готова драфт верзијата од новиот закон